Забрана на TikTok и Snapchat во Албанија, ќе има јавна дебата

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави дека прашањето за забрана на социјалните мрежи TikTok и Snapchat во Албанија или поставување старосна граница за пристап до нив ќе биде предмет на јавна дискусија, објави информативниот портал Shchiptarya.

Означувајќи ги овие две платформи како најпродуктивни извори за поттикнување насилство и малтретирање меѓу малолетниците, Рама рече дека одлуката ќе биде донесена по консултација со родителите во сите училишта.

Се вчитува...

Овие изјави на албанскиот премиер доаѓаат два дена по убиството на 14-годишното момче во Тирана од негов врсник.

Мартин Цани, ученик во основно училиште во центарот на албанскиот главен град, во понеделникот бил смртно избоден со нож во близина на училиштето од друго 14-годишно момче кое почнало да се тепа со него и трето момче, нивен соученик, после училиште часови.

Осомничениот за убиството и прободувањето со нож на другото момче е уапсен вчера. Во сведочењето 14-годишното момче изјавило дека тепачката се случила затоа што Мартин Зани го „гледал“.