Законот кој ќе забрани автомобилите кои загадуваат да се движат по градот, денеска беше усвоен од страна на собраниската комисија при првото читање. Законот е предвиден како мерка против загадувањето на воздухот, но од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека ова не е решение.
Пратеникот Зоран Илиоски, вели дека поголемиот дел од автомобилите во земјата се постари од 10 години.
Морачанин реплицира дека повеќето од старите возила се увезени во периодот по 2010 година и дека целта на мерките, според неа, е да им се помогне на граѓаните да го обноват возниот парк.
Со новиот предлог закон, автомобилите ќе се делат според категоријата на загадување. Налепниците кои беа за последната регистрација на автомобилите, веќе нема да постојат. На нивно место ќе се воведат налепници со зелена, жолта и црвена боја. Освен налепниците на автомобилите, ќе се сменат и регистарските таблички на такси возилата. Такси возилата ќе имаат нови регистрација, тие ќе имаат регистарски таблици со жолта боја.
Репортер: Зимер Јашари
