Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Денес во 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, поради обилни врнежи од снег.
Денес во 16.50 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Стража, поради обилни врнежи од снег.
Од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила поради обилни врнежи од снег.
Од 17.50 часот патниот правец Делчево према граничен премин е во преќин за тешки моторни возила поради обилни врнежи од снег.
НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Од 17:00 часот сообраќајот на маг.пат – А2 Куманово – Кр.Паланка е пуштен наизменично за сообраќај.
