Свет

Задолжително неделно тестирање за невакцинирани наставници и ученици во Словенија

Учениците и наставниците кои не биле вакцинирани против Ковид -19 или се опоравиле од болеста, ќе треба да се тестираат неделно, објави словенечката влада.

Владата изјави дека властите ќе ги сносат трошоците за тестирање на учениците. Во соопштението се посочува дека истите услови ќе важат за секој на возраст над 15 години кој учествува во спортски настани во затворени простории или во рекреативни активности.

Некои медиуми објавија дека властите за образование објавиле упатства дека наставниците кои не исполнуваат одредени услови треба да бидат отпуштени.

Во изминатите 24 часа, 509 лица се заразени со коронавирус во Словенија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни