Македонија

Заев: 3+3 дена успеав да го завршам одморот

„Бев три дена, па пак три дена и го завршив одморот“, рече премиерот Заев на почетокот на гостувањето во Сител телевизија.

На прашањето што презема државата во моментов, за да се подобри системот за справување со кризи, премиерот рече дека ние немаме жртви во пожарите и тоа значи дека системот функционира.

„Секако учиме од слабостите. Учи и цел свет. Ги чекаме извештаите од пожарите, ќе им помогнеме на граѓаните“, изјави премиерот Заев.

Тој рече дека има во буџетот пари кои се предвидени токму за вакви ситуации.

„На есен мора да направиме масовно пошумување, бидејќи стотици хектари се уништени, тоа се наши бели дробови“, додаде Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни