Заев: Без ВМРО-ДПМНЕ нема закон за ЈО, Мицкоски: СДСМ спасот од одговорност го бара во овој закон

Проблемите околу донесувањето на законот за Јавно обвинтителство ги слушна и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Заев вели дека Владата конечно треба да го пушти Законот да влезе во Собраниска процедура и додава дека без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не може да се донесе законот.

„Ух, не сум убеден дека ќе се донесе без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Не, не. Нема да дозволиме да има пролонгирање и купување на време. Законто да се изгласа до 11-ти. Дали ќе има 2/3 или не, ќе видиме на крајот. Должни сме кон државата да го ставиме на изјаснување. Дај боже да има 80 пратеници и повеќе, јас би бил најсреќен ако има концензус. Силна порака е за имплементацијата. Но, работиме и можеме успешно да го постигнеме неопходното мнозинство“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека немаат серозен партнер во преговорите за Законот. Според него тие се конфузни и изгубени во цела ситуација, поради уплашеност од одговорност по 12-ти април за неправдата и криминалот кои ги направиле во изминатиот период. Додава дека неговиот опонент спасот го бара преку овој закон.

„Ако постои релна жеба од страна на Владата да се прифатат забелешките на опозицијата кои се аргументирани, зошто да не, ќе го донесеме тој закон, доколку не постои таа желба, тогаш тоа е штета. И ќе ве потсетам, резултат на тоа дивеење со законите и злоупотреби ние денеска сме единствена во Европа со замрзнат имот и не можеме да функционираме соодветно“, изјави Мицкоски.

По вчерашните разговорите не беше постигнат напредок во преговорите на партиските работни групи, што се одржаа во Собранието. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата, недолго по нејзиниот почеток, откако посочија дека бараат на разговорите да биде присутен државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. За министерката за правда Рената Дескоска, барањето на ВМРО-ДПМНЕ претставува обид на партијата за одолговлекување на процесот. Од ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека ќе продолжат да учевствуваат на преговорите за конечно постигнување договор за законот за Јавно обвинителство.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното