Заев денеска ќе разговара со Меркел

Премиерот Зоран Заев денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорот е дел од дипломатските напори на Берлин за цел приближување на ставовите на Скопје и Софија со цел одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ и официјален старт на преговорите на Северна Макеоднија за време на германското претседателство, по најавите за вето од страна на Бугарија.

Зав  вчера изјави дека по завчерашниот разговор во Берлин на шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров со бугарската министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, има оптимизам и треба да има оптимизам во однос на решавање на прашањето со Бугарија кој го гледа и во обраќањето на Захариева, но и во фејсбук статусот на премиерот Бојко Борисов.

Истакна дека е добредојдена помошта од Германија и оцени дека даваат резултати честите комуникации помеѓу работните групи и минситрите од двете страни, бидејќи се работи за две пријателски земји.

– Сега сме ние на ред, Република Северна Македонија треба да ги отвори поглавјата преку првата меѓувладина конференција. Се трудам да има целосно разбирање. Двете страни сакаат да има решение, рече Заев.

Канцеларката Меркел вчера имаше видео-конференциски состанок со премиерот Борисов, за кој тој објави на неговиот фејсбук профил.

-Се заблагодарив за нејзината лична заложба и онаа на германското претседателство за барање формули за да се овозможи почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство Советот на ЕУ ќе се донесат силни и правилни одлуки, напиша Борисов на фб профил за разговорот, кој траел 40 минути.

.

Извор: ТВ21