Во прашање се денови до завршување на истрагата на Јавното обвинителство за бегството на поранешниот пермиер Никола Груевски, изјави денеска премиерот Зоран Заев Вчера пак Јавниот обвинител Јосески , рече само дека Груевски побегнал преку див премин , неакајќи да откирва други детали, денес ,Заев тврди дека политиката немала замешано прсти. , дека нема тајни договори кои значат избегнување на правда немало и нема да има.
Додека не заврши истрагата предводена од Јавното обвинителство чесно е извршната власт да не се истрчува со претходни детали што може да бидат дел од предистражна или истражна постапка што ја водат истражните органи. Штом Јавното обвинителство ќе даде пас и тоа на било кој начин ќе го обелодени, ние ќе ги соопштиме сите детали од аспект на извршната власт, пред се, од Министерството за внатрешни рабти.Ако постои одговорност некаде и тоа е потврдено со конкретни докази и аргументи одговорноста ќе се понесе почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР или било која друга државна институција од извршната власт.