Заев: ДУИ со предлогот за Албанец премиер оди во опозиција

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ДУИ со предлогот за премиер Албанец во Македонија оди во опозиција.

„Јас сум докажал, во нашите редови има министри, градоначалници, директори, пратеници кои се Албанци, ние сме растретени од тоа каква етничка припадност има било кој во државава, и претседател и премиер и претседател на Собрание. За нас има добри и лоши луѓе, квалитетни или не квалитетни луѓе, за нас е многу важно да биде квалитетен човек, добар човек, добар прет се за граѓаните и за државата, да биде достоен за функцијата“, посочи Заев.

Тој додаде дека ова е популистички чекор на ДУИ.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното