Заев: Еден милион останавме, треба да се помириме

Премиерот Заев, на прес конференција по изгласувањето на уставните промени во Собранието денеска рече дека во нашата земја останаа само еден милион и време е да се помириме.

Заев посочи дека е потребно помирување помеѓу политичарите, помеѓу народот.

„Има случаи каде брат со брат не прават муабет поради политика. Треба да се помириме“, додаде Заев.

Извор: ТВ21