Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител телевизија рече дека иако е стар и од времето на Југославија, сепак ФАП-от кој стана хит на социјалните мрежи е возобновен и помогнал многу во справувањето со пожарите.
„Го видовме тој ФАП-от во струмичко-гевгелискиот регион, ама 8.000 тони вода истури. Знаете како, тој на терен е и активен. Возобновена е машината комплетно, го вози Јоцо Манго од Струмица го познавам директно, струмички пожарникар, а еден таков има и во Демир Капија исто така, но исто така активен е“, рече Заев во интервју за Сител.
Инаку тој најави дека во иднина ќе се вложат напори за да се набават поголем број на противпожарни возила, а за канадерите рече дека до август би требало еден да полетa.
„Сите сакаме да ги видиме најновите, најопремените, во иднина ќе докупиме такви возила, како и што прашавте за канадерите“, додаде Заев.