Заев го повика Груевски да се врати во Македонија, во СДСМ различно гледаат на посетата на Мицкоски во Будимпешта

Премиерот Заев од Битола го коментираше Фејсбук статусот на екс-премиер Никола Груевски кој напиша дека му доаѓа да се врати во државата и да помогне.

Груевски вчера преку Фејсбук ја критикуваше Владата на Заев и додаде декоја секој втор ден следува нов скандал со оваа влада.

За Заев посетата на Христијан Мицкоски во Будимпешта била сосема нормална комуникација меѓу сестрински партии, но со тој став не се согласува портпаролот и пратник од СДСМ Костадин Костадинов.

Од опозициската партија рекоа дека тема на разговорите Мицкоски-Орбан биле евроинтеграциите, но и како што велат последните афери поврзани со владата на Заев.

Мицкоски деновиве е во посета на Австрија и Унгарија, каде остварил средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното