Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир

Уидед Бушамауи, добитничката на Нобеловата наградата за мир во 2015 година, утре ќе поднесе номинација за следната Нобелова награда за мир да им биде доделена на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Нејзиниот предлог ќе биде претставен утре во 11 часот на церемонијата на ФОН универзитетот, каде во март Бушамауи стана почесен професор.

Се вчитува...

„Договорот од Преспа во кој медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучителен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. Генералниот секретар на ОН Гутереш истакна дека тој договор може да биде пример за решавање на сите проблеми во Светот“, истакна Бушамауи.

Извор: ТВ21