Заев: Или ќе не има 80 пратеници најмалку или ќе следува одговорност

Премиерот Заев рече дека доколку нема мнозинство, секој што треба ќе понесе одговорност за тоа одговарајќи на новинарско прашање по изјавата на Биљал Касами дека е оптимист за постигнување договор и прифаќање на условите дали и тој е оптимист или има план б за постигнување на 2/3 мнозинство, додаде дека и додаде дека ако се случи да нема 80 пратеници најмалку ќе следува состанок на Централен одбор на Социјалдемократскиот сојуз

„Денеска ќе се знае ако нема мнозинство следува состанок на Централен одбор на социјалдемократскиот сојуз и понесување на одговорност, друго нема. Ако има продолжува процесот и готово. Ставивме се на оваа карта и апсолутно во политиката како се зема бенефит така се носи и одговорност. Немам предрасуди растеретен политичар сум и додје моментот на одговорност. Или ќе не има 80 најмалку или ќе следува одговорност“, изјави Заев.

Извор: ТВ21