Како што дознава ТВ21, пленарната седница за уставни промени ќе продолжи денеска во 17:30, откако како што веќе објавивме постигнат е договор помеѓу премиерот Зоран Заев и движењето Беса.
Според договореното, Заев сега треба да го има потребното 2/3 мнозинство за гласањет на уставните промени кои како предлог беа доставени до Собранието од страна на Владата.
Ова е трета и последна фаза од уставните промени кои произлегуваат од склучениот Преспански договор, по ова договорот на ратификација се сели во грчкиот парламент од каде пак најавуваат дека веќе го имаат потребното мнозинство за усвојување на овој договор.
