Breaking Народна банка управува со Алта банка >>> Следете во живо
Македонија

Заев: Изразувам голема благодарност до ЕП за донесената резолуција за итен почеток на преговори со Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев попладнево преку Фејбук се заблагодари на Европскиот парламент за донесената одлука за итен почеток на преговори со Македонија и Албанија за старт на преговори со ЕУ.

„Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно и припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан. Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство. Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука“, напиша Заев на Фејсбук.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни