Македонија

Заев ја почна кампањата од Струмица: „Време е за нови успеси“

Стартот на изборната кампања на карванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ го започна во Струмица и Виница. Лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа на четвртата изборна единица Зоран Заев уште претпладнето во градскиот парк во Струмица кај Домот на Армијата изјави дека поради заштита на јавното здравје ќе се води една поинаква кампања во која ќе ги повикаат граѓаните да ги слушнат нивните решенија, но и да излезат на избори кои, како што истакна тој се особено важни за народот и државата.

„Градиме држава за достоинствен живот за сите. Инвестираме во македонското здравство за уште поголема грижа за здравјето на граѓаните. Создаваме земја на слободни и одговорни луѓе. Држава која ги решава проблемите на ефикасен и праведен начин. Држава која обезбедува почитување на законите и неселективна казнивост за криминалот. Остваривме врвен стратешки интерес, влеговме во НАТО. Почнуваме преговори за членство во Европската унија.“, рече Заев.

Генералниот секретар на партијата и носител на кандидатската листа во третата изборна единица Љупчо Николовски истакна дека актуелната власт за краток период постигнала успеси и затоа бара уште еденн чист мандат за да направи уште повеќе и уште подобро.

„Можеме уште подобро со минималната плата, замислете, таа беше само девет илјади денари што е срамота. Успеавме за две и пол години минималната плата да ја покачиме на 14 илјади и 500 денари, а до крајот на следниот мандат предвидуваме раст до 20 илјади денари. Доаѓаат убави години и треба да ги искористиме. Ќе одиме напред, сите граѓани, сите партии, сите ние. Побрзо да дојде времето кога луѓето ќе ги бираме по квалитет а не по партиски книшки.“, рече Николовски.

Од партијата Беса кој како што е познато е дел од предизборната коалиција „Можеме“ со свои активности за првиот ден од изборната кампања се во кичевско Зајас.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни