Заев: Ја разбирам горчината на некои граѓани, нашата Северна Македонија станува глобална земја

На денешната прес-конференција премиерот Заев истакна дека ја разбира горчината на мнозинството граѓани, но вели дека тоа треба да се стави во минатото.

„Ја разбирам горчината на некои од граѓаните но да ја оставиме во минатото и гордо да гледаме во иднината. Отворивме перспектива за новата Република Севрена Македонија, членка на европското семејство ќе пристапиме кон двете најголеми организации на светот нако полноправна членка, независка и горда земја. Нашето пристапување во нато е веќе во тек и ќе продолжи со зголемен интензитет“, вели Заев.

На неколку новинарски прашања, нагласи дека економијата заживува, Република Северна Македонија станува глобална земја на меѓународната сцена, рамо до рамо со европските врсници, и кажа дека се надева грчкиот парламент да ја спознае својата улога во овој историски настан.

„Овие денови заедно со нашиот пријател Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата и заеднички ќе го потврдиме ова историско решение. Убеден сум дека пратениците во грчкиот парламент ќе ја препознаат нивната голема улога во овој историски момент и верува дека Нашиот пријател грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот за влез во НАТО“

Извор: ТВ21