Македонија

Заев: Мицкоски самиот гледаше како Македонија се мачи 27 години, а го избегна целиот овој процес

Секоја земја посакува да има силна опозиција и посветена власт со здрав процес како во сите нормални и здрави земји, рече Заев на седницата во Собранието.

Заев истакна дека од почетокот кога се отвориле разговорите со Грција секој бил споделен со Мицкоски и ако се најде решение за разговорите тоа да биде со 2/3 мнозинство.

„Ова е тешка и сериозна одлука која ја гарантираат иднината на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ според мене  се за ЕУ и НАТО, и е свесен, знае дека подобар одговор нема да се достине, без договор со Грција нема Европа. Сепак од тој аспект лидерот на опозицијата не сакаше да зборува на оваа тема. Мицкоски самиот гледаше како македонија се мачи 27 години а го избегна целиот овој процес.“ рече Заев.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни