Заев: Младите не инспирираат со нивните дела за иднината

Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил објави дека се сретнал со Јана Рејтер, добитничка на младинската награда на Вестфалија за нејзините заложби со „Plant for the Planet”.

-Често велиме дека нашите храбри дела ги правиме за да им оставиме иднина на младите и за да ги инспирираме да градат пријателства. Но, уште поубаво е кога и младите нѐ инспирираат нас со нивните дела за иднината. Ми беше драго да ја запознаам Јана Рејтер – добитничка на младинската награда на Вестфалија за нејзините заложби со „Plant for the Planet”, напиша премиерот Заев.

Претпладнево во 11:00 часот ќе почне церемонијата по повод врачувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, на премиерот Заев и на поранешниот премиер на Грција Ципрас.

Како што соопшти Владата, церемонијата може да се проследи во живо на Фејсбук страницата на премиерот Заев.