Заев: Мнозинство сѐ уште нема, ќе знаеме на денот на гласањето

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во интервју за Сител телевизија рече дека сѐ уште нема обезбедено 2/3 мнозинство за усвојување на уставните промени кои влегоа во третата фаза.

Заев појаснува дека секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното