Заев на Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Секој е посебен на свој начин и секој заслужува шанса

Денеска, во Владата на Република Македонија, беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На овој настан свое обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Спасе Додевски, националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, шефот на делегацијата на
Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар и претставникот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

Во своето обраќање премиерот Зоран Заев истакна дека основното начело на оваа Влада е признавање на вроденото достоинство и вредност и еднаквите неотуѓиви права на сите членови на нашата заедница, како темел на слободата, правдата и мирот во светот.

„Се залагаме и работиме на создавањето на еднакво општество за сите. Како држава, на 30 март 2007-мата година ја потпишавме, а на 5 декември 2011-тата година ја ратификувавме Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Конвенцијата претставува прв меѓународно правен и обврзувачки инструмент преку којшто се утврдуваат минимум стандарди за правата на лицата со попреченост“, истакна премиерот Заев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека особено и е драго што денеска на меѓународниот ден на лицата со попреченост повеќе нема деца од 0-18 години во Демир Капија. Последната група деца замина од заводот и е сместена во мал групен дом во Скопје.

„Сметам дека овој ден е многу важен во пребројувањето на она што сме го направиле досега. Она што можам да кажам дека на барање на родителите од 2019 година со новиот Закон за социјална заштита, правота за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост. Додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата. Воедно се воведува таканаречен траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст, коешто не било сместено во институција. Ќе може да го користи секој родител којшто не работи по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж“, информираше Царовска

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното