Заев: На следните гласања ќе се приклучат поголем број на пратеници од опозицијата

Премиерот Зоран Заев на вечерашната прес конференција од Собранието на Република Македонија порача дека се водело транспарентен преговарачки процес со пратениците и ги негираше ставовите искажани од секретарот на ВМРО-ДПМНЕ дека на пратениците им се нуделе пари.

Заев рече дека на следните гласања во Собранието ќе се приклучат уште повеќе пратеници од редовите на опозицијата.

За целосно да биде завршен процесот во Собранието, потребни се уште две гласања, од кои за второто повторно е потребно 2/3 мнозинство.