Македонија

Заев најавува пораз на како што вели „заробената држава“ -„Сите политички субјекти да ги поддржат реформите“

Премиерот Зоран Заев се обрати преку видео-порака по повод последните случувања поврзани со Предлог-законот за јавното обвинителство и порача дека никој нема да биде привилегиран и амнестиран. Тој го охрабрува обвинителството да ја прошири истрагата во случајот „Рекет“.

„Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите. Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран“, изјави премиерот на РСМ, Зоран Заев.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни