Премиерот Зоран Заев во гостување на Националниот сервис истакна дека не гледа здрава логика да се протестира против покачување на струјата, според него, сега е поевтина во споредба со 2017 година.
„Просечна сметка за струјата во 2006 година беше 822 денари, а во 2017 година 1.635 денари, односно покачена за 100 проценти, со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намали на 1.309, односно падна за 326 денари заради евтината тарифа“, појасни Заев.
Додаде дека и со сегашното покачување е 228 денари поевтина од 2017 година.
„Државата прогресира Мицкоски протестира, за што, да си ја задржи фотелјата“, истакна Заев. „Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден“, рече премиерот Заев.
.
