Граѓаните во Македонија ги очекува продолжен викенд, а воедно и промена на часовникот. Петок, 23 октомври, е неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, додека во ноќта меѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето.
Поради празникот, оние кои не работат за викенд ќе имаат три слободни дена по ред – петок, сабота и недела, што е можност за подолг одмор.
Промената на времето ќе се случи во ноќта меѓу 24 и 25 октомври. Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад, односно кога ќе биде 3 часот по полноќ, ќе се врати на 2 часот. Тоа значи дека граѓаните ќе добијат еден час повеќе за спиење.
Зимското сметање на времето ќе важи до 28 март 2027 година, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред и ќе започне летното сметање на времето.