До Владата не стигнала никаква покана за членство на Северна Македонија во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Скопје, по најавите дека Русија ќе испрати покана за членство во оваа Унија за Северна Македонија и за Албанија, после „ладниот туш“ од Брисел за датумот за преговори за ЕУ.
Заев, пак, рече дека нема намера да ја прифати поканата, доколку во меѓувреме стигне.
– Веројатно има некоја одбранбена мембрана, ѕид околу Владата, па тешко да стигне таква покана. Затоа што ни на памет не ни паѓа таква работа. Не, нема таква покана и се надевам дека нема ни да стигн, – изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали по не добивањето датум за старт на прегооврите за членство со ЕУ, земјава добила покана за пристапување кон ЕАЕУ.