Премиерот Зоран Заев вели дека е грешка изјавата од страна на Трифунов и рече дека доколку треба ќе почнат и да реагираат или испраќаат протестни ноти.
Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и живееме во Република Северна Македонија. Верувам дека се работи за незнаење, оти станува збор за две пријателски земји кои никогаш немале проблеми и секогаш сме биле нарекувани Македонци кои зборуваат македонски јазик. Очекувам од Трифонов да си ја исправи грешката, затоа што тој е лидер на политичка партија која освои гласови во Бугарија, а нашата должност е да градиме пријателства и добри односи – рече Заев.
Заев вели дека би сакал што побрзо формирање влада за да продолжат преговорите, но според изборните резултати тешко може да се очекува тоа да се случи наскоро.