СДСМ денеска продолжи во Кочани каде одржа средби со граѓани.
Лидерот на оваа партија Зоран Заев во рамките на кампањата за вториот круг од локалните избори вети дека минималната плата од јануари ќе биде 18 илјади денари.
„Платите се зголемуваат во сите сектори, просечната плата постојано се зголемува. минималната плата од 9.000 денари е зголемена на 15.200, а од јануари ќе изнесува 18.000 денари. Ова е насоката во која мора да се движи нашата држава, нашата економија и нашето општество. За да се задржи овој континуитет, да се продолжи помошта кон граѓаните, кон претприемништвото, мора да се избере опцијата што го испраќа напред, а тоа се СДСМ и коалицијата, ова е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата. Кочани продолжува да се развива и напредува. Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илијев, само со СДСМ и коалицијата. За ова, на 31 октомври гласајте за бројот 12, за да продолжи напредокот“, рече Заев.