Македонија

Заев: Односите со ДУИ не се смирени – Ахмети: За едностраните ставови потребна е средба кај Пендаровски

Односите меѓу СДСМ и ДУИ сѐ уште не се ублажени, па затоа СДСМ денеска ќе ја анализира стабилноста на коалицијата со ДУИ, изјави Зоран Заев. Откако ќе заврши анализата, ќе биде донесена одлука – дали коалицијата ќе продолжи.

Од друга страна, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека не треба да се држат еднострани ставови, туку да се свика нова средба кај Претседателот Пендаровски и таму да се претстават ставовите.

Разгледувањето на коалицијата доаѓа откако односите на релација ДУИ-СДСМ се вжештија, по поднесувањето на околу 6 илјади амандмани за промена на Изборниот законик од страна на ДУИ. По ова, Заев им се закани на пратениците дека изборите ќе бидат одложени доколку Собранието не ги помине законите кои предвидуваат покачување на платите и пензиите, а кои треба да стапат на сила од јануари.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни