Поврзи се

Македонија

Заев потврди – аудиото на Милошоски е автентично, но ги отфрли обвинувањата дека се сретнал со Јанева во вилата на Водно

Published

on

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во Прилеп денеска истакна дека станува збор за маркетиншко претставување на политиките и успесите во медиумите.

„Ако видите дека сме помагале на тогашната 1ТВ, сме помагале и на Сител, на Канал 5 и на други и сме добиле сериозен маркетиншки простор преку кој сме имале можност да ги претставиме нашите политики, во време од пред пет-шест месеци пред случајот Рекет да се појави или да сум имал индиции за тоа“, истакна претседателот Зоран Заев.

-Текстот продолжува по рекламата-

Тој нагласува дека државата на политичките партии им дава сериозни пари од граѓаните.

„Еден дел од тие пари се за маркетинг на нашите политички субјекти, еден дел одат за сериозни аналитички центри и за подигнување на нашите демократски капацитети, а друг дел претставуваат промоција на нашите политики и успеси, зашто веруваме дека ако политичките партии бидат подобри, и државата ќе ни биде подобра. Тоа го правиме на транспарентен начин. Ако видите дека сме помагале на тогашната 1ТВ, сме помагале и на Сител, на Канал 5 и на други и сме добиле сериозен маркетиншки простор преку кој сме имале можност да ги претставиме нашите политики“, посочи Заев.

„Во такво едно време пред пет-шест месеци пред да се појави случајот Рекет или, пак, мене да ми биде презентиран, како совесен, одговорен претседател на Влада, сум почувствувал дека има одредено сомнително финансирање. Па затоа сум прашувал од каде, таму велат „од фраерот од Хрватска“ или од некои други извори, зашто државата мора да води грижа за своите реперкусии од кој било аспект коишто може да настанат како штетна последица врз целото наше општество“, додава Заев.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во премиерската вила на Водно се сретнал со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

„Не е точно. Треба да ги проверат тие податоци како се обзезбедени. Последна средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева имав во Советот за реформи во правосудството, во Владата, така што ова не е точно“, порача Заев.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД ШТИП: Момчиња тепаат девојка, МВР најави најстроги санкции

4NEWS.mk

Почина најстариот брат на Борис Трајковски- Мојсеј Трајковски

4NEWS.mk

Австралиски научници открија: Лек против вошки го убива вирусот Ковид-19

4NEWS.mk

Во Австрија за првпат повеќе оздравени од новозаразени

4NEWS.mk

Бил Гејтс предлага три чекори за справување со новиот коронавирус

Македонија

Спасовски: 250 илјади вработени можат да добијат минимална плата од 14.500 денари за април и мај

4NEWS.mk

Жител на Горно Коњаре осомничен за обид за убиство и за напад врз полициски службеници

Македонија

Што доколку добивте отказ или договор за спогодба на работа? Одговара Ангеловска во „Click Plus“

4NEWS.mk

Пациентот од Кратово кој синоќа почина во Ковид центарот во ГОБ 8-ми септември не бил позитивен на корона вирусот

4NEWS.mk

Северна Кореја тврди дека нема ниту еден случај на Ковид-19

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com