Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го праша премиерот Зоран Заев дали ќе прифати таканаречен шпицен премиер односно оној кој ќе изгуби на изборите повеќе да не се занимава со политика.
Заев на ова најпрво рече дека шпицен кандидат подразбира нешто сосема друго, односно да не биде кандидат на пратеничка листа, притоа додаде дека ќе прифати и шпицен и лево и десно крило и се што сака опозицискиот лидер Мицкоски доколку прифати една изборна единица.