„Санкциите ќе продолжат, никој нема да биде амнестиран. Јавно апелирам до сите, тоа е наредба и на Владата, дека секоја казна мора да има конечна ефектива, да биде платена. Повторувањето на казните повлекува кривична одговорност, бидејќи тоа може да биде со последици за околината. До крај максимилизација на санкциите на сите што не ги почитуваат мерките. Некојпат е здраво да има санкција посебно кога се работи за здравјето“.
Ова вечерва го нагласи премиерот Зоран Заев во интервју за Националниот телевизиски сервис, каде прашања му поставуваат уредници и новинари од повеќе медиуми.
„Надежта ми е кај граѓаните дека ќе ги почитуваме мерките, колку помалку почитуваме мерки толку повеќе ќе има рестриктивни мерки и во делот на движењето – социјалниот живот и во делот на економијата и во делот на се што значи нормален живот на граѓаните. Колку толку со маските имаме поприлично нормален живот“, вели Заев, додавајќи дека не верува оти ќе има повторно карантин.
.
