Премиерот Зоран Заев вечерва во ТВ Дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека денешната негова изјава не е точно пренесена.
„Јас не реков дека банална е трагедијата во Тетово, реков дека е банално да се зборува дали има некој од СДСМ кој може да ме смени“, изјави Заев.
Ваквото прашање кон Заев следуваше по неготовата претходна изјава во која Заев рече дека нема да си поднесе оставка, бидејќи во спротивно тоа би значело доаѓање на чело на Владата, Христијан Мицкоски.