Премиерот Зоран Заев на прес конференција најави дека ова е последна негова активност како премиер на Република Северна Македонија, јавува репортерот на ТВ21.
„Сите ние сме како дома без разлика од која држава доаѓаме. Во последниот ден од мојот ангажман како премиер на РСМ задоволство„ е што директно учествувам во „Отворен Балкан“. Уште на почетокот, со Вучиќ и Рама нагласивме дека ова е автентичен значаен проект, создаден за добробит на сите и отворен за сите“, изјави Заев на прес конференцијата.
Тој потенцираше дека поканата за приклучување на останатите земји е отворена и недвосмислена.
„Западен Балкан да стане Отворен Балкан кој носи придобивки за сите преку единствен пазар“, додаде Заев.
Утре премиерот Заев во Собранието ќе ја депонира својата оставка. При дводневната посета на Тирана, заедно со Заев е и неговиот наследник Димитар Ковачевски.