Членовите на најтесното семејство, роднини, соработници, колеги, пријатели денеска се простија од ненадејно починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р. Јован Стојаноски.
Големата сала на Општина Охрид беше претесна да ги прими сите што дојдоа на Комеморативната седница свикана во знак на сеќавање на градоначалникот Стојаноски.
На комеморацијата присуствуваше и Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерската за одбрана Радмила Шекеринска, сите соработници и најблиски на Стојаноски.
Стојаноски ненадејно почина во саботата на 47-годишна возраст.