Заев ветува дека новиот план ќе биде еднаков за сите! – Субвенции за плати има, бидејќи има дискриминација?!

Владиниот план за охрабрување и соработка со бизнис секторот за поддршка на добрите меѓуетнички односи и вредности на толеранција, застапеност и взаемна доверба, и во нивната работна средина, ќе функционира еднакво  за сите заедници во земјава, вети премиерот Зоран Заев.

Се вчитува...

Целта на оваа програма е диверзитетот во приватните компании да стане позитивна вредност како во целиот свет, тврди министерот за финансии, Фатмир Бесими, земајќи го за пример извршниот директор  (ЦЕО) на Гугл кој е Индиец. Како ќе се реализира се, ќе зависи од соработката со бизнис заедницата.

Кога сме кај диверзитетот, Владата, до сега, со посебни мерки, поддржуваше вработувања од посебни заедници во земјава.

Ова го потврдува и оваа мерка за “субвенционирање на платите“ од Агенцијата за вработување, преку која би се создале нови работни места во малите и средни претпријатија. Освен другите категории граѓани, овде цел се вработувањата на етничка основа.

Се предвидува вработување и за “Лица припадници на етничката ромска заедница“ како и “Жени припаднички на ромската етничка заедница како и од другите етнички заедници“.

Од Агенцијата за вработување денеска не можеа да ни одговорат, но неофицијално ни беше кажано дека станува збор за мерки за поддршка за маргинализираните групи. Ова е напишано и во повикот од страна на Агенцијата каде е истакнато дека станува збор за невработени “кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот“.

Како и да е, ова потврдува дека има вработувања врз етничка основа, бидејќи се прави дискриминација, иако Уставот во член 32 јасно дефинира дека „секому, во еднакви услови, му е достапно секое работно место“.

.

Извор: ТВ21