Во прашање се денови до завршување на истрагата на Јавното обвинителство за бегството на поранешниот пермиер Никола Груевски, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Вчера пак Јавниот обвинител Јосески, рече само дека Груевски побегнал преку див премин, неакајќи да откирва други детали, денес Заев тврди дека политиката немала замешано прсти, нема тајни договори кои значат избегнување на правдата и нема да има.
„Додека не заврши истрагата предводена од Јавното обвинителство чесно е извршната власт да не се истрчува со претходни детали што може да бидат дел од предистражна или истражна постапка што ја водат истражните органи. Штом Јавното обвинителство ќе даде пас и тоа на било кој начин ќе го обелодени, ние ќе ги соопштиме сите детали од аспект на извршната власт, пред се, од Министерството за внатрешни рабти.Ако постои одговорност некаде и тоа е потврдено со конкретни докази и аргументи одговорноста ќе се понесе почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР или било која друга државна институција од извршната власт“, изјави премиерот Зоран Заев.
