Заев за лидерската средба: „Разочаран сум, видовме само Груевизам до доцна во ноќта“ (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за синоќешната лидерска средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој ја искажа својата разочараност од средбата, велејќи дека опозицијата не е за гонење на криминалот, туку за штитење на криминалот од минатиот режим.

„Разочаран сум од лидерската средба и од опонентот. Имав надеж дека е можно да ја сменат матрицата дека ќе излезат од заложништвото на нивните претходници. Груевизам до доцна до ноќта. Колку и да постигнеме напредок на некои полиња, колку и да бидеме пропустливи, на крајот секогаш кај Мицкоски се сведува на едно барање: запирање и крајза случаите на претходниот режим.

Тие бараат предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, за конечно и да сопрат. Ништо друго не беше конечната цел. Криминалот да им го заташкаме. Не ги интересира ниту ЕУ ниту НАТО, ниту напредокот на земјата. Тоа е целта која посакаа да ја постигнат, затоа синоќа не постигнавме договор.

Ние нема да ја прифатиме нивната цел. Не смееме да го дозволиме тоа. Жал ми е што тие живеат заробени од минатиот режим.

Понудивме ново обвинителство кое ќе гони висока корупција, обвинител по избор на опозицијата. Но нив не ги интересира гонење на криминал. Осигуравме сите предмети да одат кај Јовески, и тој да одлучува како да ги распредели, што ќе биде со нив, да продолжат онаму каде што се застанати, распределени на обвинител и да продолжат. Сепак, тие бараа нивен шеф да одлучува, а ние не смеевме да го дозволиме тоа. Можеби ќе ги поништи сите предмети, и ќе ги стопира. Затоа не постигнавме договор“, рече Заев.

Целиот говор на Заев низ следното видео:

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното