„Од една страна на меѓународната заедница и дипломатите им кажува колку е тој конструктивен и дека е ќе го поддржи целиот процес за ЕУ и НАТО, дека ќе направи новина во финална фаза за Европа, но ова што го видовме вчера, неговите зборови, не повика на протест ама повика на отпор. Ја покажа патеката каде неговите поддржувачи треба да продолжат, а тоа да се приклучат на протестите. Ќе прават нов 27 април? Тоа нема да дозволиме сигурно. Што и да прават тие нанесуваат само штета. Кога нема човек став, и за најмала политичка партија е тоа штетно, а за големите политички партии е катастрофално“, вака ја прокоментира вчерашната изјава и став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев истакна дека тоа што го прави Мицкоски и неговата партија се проблеми за државата, со тоа што тој го продуцира, пратениците поминуваат низ одредена драматургија. Секоја закана, секое ширење на омраза рече Заев очекувам од МВР, да ја санкционира, затоа што луѓето што веруваат во Договорот од Преспа поминуваат низ пекол.
„Ваква неодговорна политика ниту сум очекувал од ваква голема политичка партија, ниту сум се надевал дека вакво нешто некогаш ќе се случи“, рече Заев.
