Македонија

Заев за жените, Мицкоски за младите – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со годишни конференции

На следните избори жените ќе бидат застапени рамноправно односно 50 проценти од нив ќе бидат кандидати на листите на СДСМ. Ова го вети партискиот претседател Зоран Заев обраќајќи се на трибината пред Форумот за жените на СДСМ, кој главно својот говор го посвети на важноста на улогата на жената во општеството.

„Ние сме предводници и на концептот 50 : 50 на застапеност на жените во политиката. Не како бројка, туку како суштина, како квалитет. И кога ако не денеска, да кажам дека ме имате на ваша страна, на следните изборни листи Социјалдемократскиот сојуз ќе има 50 – 50, целосна еднаквост“, рече Заев.

На годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ пак, се обрати лидерот Мицкоски, кој им порача на младите дека доаѓа време на промени, но не пропушти и да го критикува премиерот Заев.

„Зоран Заев, она владеење кое што го имаше во Струмица како градоначалник, сега како премиер го пресликува во Македонија. Тоа е владеење кое се потпира на две клучни карактеристики. Притисок, корумпирање и купување на луѓе“, рече Мицкоски.

Двата настани се одржаа во непосредна близина. СДСМ форумот на жени го одржа во Македонската опера и балет додека, ВМРО-ДПМНЕ одбележувањето на годишнината на Унијата на млади сили во Македонската филхармонија. Партиските раководства и членовите на двете најголеми партии се разминаа на платото на двата објекти.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни