Заев: Зибери денеска се враќа на работа, подготвени се предлозите за замениците министри

Премиерот Зоран Заев, денеска од Куманово изјави дека пратеникот Арбен Зибери е веќе вратен на работа, и дека денеска-утре ќе ги даде предлозите за замениците министри.

„Парламентот ги оформи помошните тела. Имавме пратеник кој од здравствени причини не можеше да биде присутен. Тој е вратен на работа, сабајле ме информираа. Имаме пратеник кој што треба да му се верифицира мандатот. Подготвено е се да ги дадам предлозите за замениците министри“, рече Заев.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното