Македонија

Загина 59-годишно лице од с. Огњанци – дрвото кое го сечел во својата нива, паднало врз него

Загина 59-годишно лице од с. Огњанци – дрвото кое го сечел во својата нива, паднало врз него

На 22.08.2022 околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Огњанци, општина Петровец, бил пронајден починат Б.Н.(59) од с.Огњанци.

Според пријавеното, врз него паднало дрво кое го сечел во негова нива.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни