Свет

Загинати и повредени во нови протести во Перу

Двајца тинејџери загинаа, а четири лица се повредени во неделата во Перу за време на протестите, објави Ројтерс.

Демонстрантите побараа земјата да одржи парламентарни избори по соборувањето на поранешниот претседател Педро Кастиљо.

Потсетуваме дека потпретседателката Дина Болварте положи заклетва како шеф на државата минатата недела откако Кастиљо беше соборен од Конгресот, а потоа уапсен поради обидот да го распушти законодавниот дом и да го запре гласањето за импичмент против него.

Демонстрантите, од кои многумина поддржувачи на Кастиљо, со денови бараат Перу да одржи избори наместо да му дозволи на Болварте да остане на власт до крајот на мандатот на Кастиљо во 2026 година. Некои демонстранти, исто така, бараат затворање на Конгресот.

Шефот на канцеларијата на народниот правобранител на Перу, Елиана Револар, изјави за локалната радио станица RPP дека 15-годишник и 18-годишник загинале за време на судирите со полицијата во градот Андахуајлас, во регионот Апуримак Андите, „веројатно како последица од прострелни рани“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни