Свет

Закана за бомба го затвори аеродромот во близина на Базел на неколку часа

Закана за бомба го затвори аеродромот во близина на Базел на неколку часа

Аеродромот на швајцарскиот град Базел беше затворен неколку часа поради закана за бомба, а терминалот е евакуиран, јави аеродромот, јави ДПА.

Аеродромот се наоѓа во Франција, во граничниот триаголник меѓу Франција, Швајцарија и Германија. Со него заеднички управуваат француските и швајцарските власти.

Според аеродромот, нешто пред 6 часот, летовите биле прекинати, а пристапот до аеродромот бил ограничен. Доцна утрото управата на францускиот департман О-Рин даде дозвола за работа.

„Нема опасност за персоналот и патниците“, соопштија властите на платформата X.

Аеродромот соопшти дека летовите постепено биле обновени, но некои биле откажани и доцнењата продолжиле.

Во октомври минатата година, Евроаеродромот во Базел и неколку други регионални аеродроми во Франција беа погодени од лажни закани за бомби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни