Закерберг напиша „извинете“ по падот на Фејсбук – коментарите ќе ве изненадат

Извинувањето на Марк Зукерберг по шестчасовниот пад на услугите на Фејсбук предизвика многу потсмев на социјалните мрежи.

„Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер се вратија. Извинете за непријатностите денес – знам колку се потпирате на нашите услуги за да останете поврзани со луѓето за кои се грижите“, напиша Зукерберг откако проблемот беше решен и статусот им се допадна на 2,6 милиони луѓе.

Неговото „извини“ предизвика стотици илјади коментари, вклучително и оние што му се заблагодарија.

„Благодарам шефе“, „Благодарам што ни дадовте пауза од социјалните мрежи, навистина добро спиев синоќа без известувања“, „Ви благодарам затоа што конечно синоќа спиев мирно поради овие нарушувања“, „Помалку озборувања на социјалните мрежи е најголемиот подарок што некој може да му го подари на човештвото“, „Ве молиме, исклучете ги повторно барем до викендот“, „Бев во ресторан и за прв пат по долго време видов луѓе како разговараат едни со други“, се само дел од коментарите.

„Всушност размислувам да ги затворам профилите на социјалните мрежи по вчерашниот ден, видов колку ми е полесен животот“, заклучија некои.

Се разбира, имаше и такви кои не беа многу смешни и релаксирачки.

„Сакаш да ми ги вратиш сите загубени пари?“, „Пропуштив многу работа заради тебе, човеку …“, напишаа тие.

Патем, падот на Фејсбук го чинеше Закерберг многу.

Богатството на Марк Зукерберг падна за скоро 7 милијарди долари за неколку часа, со што се најде на петтото место на листата на најбогати луѓе во светот.