Откако пред два дена претседателот Ѓорѓе Иванов го потпиша Указот за прогласување на Законот за амнестија, тој стапи на сила. Ова значи дека сите обвинети и осудени за собраниските настани од 27-ми април минатата година кои сметаат дека ги исполнуваат условите до вторник можат да поднесат барање да бидат амнестирани. За правниците овој закон е дискриминаторен и селективен и може да го урниса правосудниот систем. За ТВ 21 адвокатот Тортевски вели дека законот е против уставниот поредок.
Со овој закон се губи еднаквоста на граѓаните , и внесува поголемо бунило, смета професорката Солза Грчева, и не може да се повикуваме на некакво помирување, додава таа.
За дел од јавноста намената на овој закон е единствено да се порамнат сметките меѓу власта и пратениците и отворање на патот кон уставни измени во кои и изненадува потписот на претседателот Иванов , смета Тортевски .
Потписот на Иванов за Грчева значи и давање на поддршка на она што следува уставните измени , согласно договорот од Преспа.
Според одредбите од Законот, амнестијата ќе може да ја искористат, пратениците кои се обвинети и за кои тече веќе судски процес, иницијаторите на протестите „За заедничка Македонија“, но не и за лицата кои се посочени како организатори, извршиле насилство или пак не постапиле согласно службената должност.инаку до судот Пратеникот Крсто Мукоски и Никола Митревски-Кољо се меѓу петмината обвинети за 27 април кој во петокот поднеле барање за амнестија до Кривичниот суд, согласно новодонесениот Закон за амнестија. Од скопска единица потврдуваат дека петмина обвинети веќе го поднеле барањето за амнестија.
Освен Мукоски и Кољо, амнестија побарале и обвинетите Младен Додевски и Оливер Радулов, обвинет дека како вработен во УБК ги изнел хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.
ИЗВЕШТАЈ: ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ
