Законот за јазици е во согланост со Уставот, велат од СДСМ

На новинарско прашање за Законот за јазиците, порпаролот на СДСМ Костадин Костадинов истакна дека тој е во согласност со Уставот, и според него и неговата партија нема ништо спорно и покрај обвинувањата, особено од опозицијата, дека е неуставно донесен.

„Законот за јазици е во согласност со Уставот. Исто така важно е дека, конечно, го реализираме концептот во кој ние веруваме, концептот едно општество за сите. Ставаме крај на националзимот, и обезбедуваме посигурна иднина, без разлика на национална или друга било каква основа“, рече Костадинов.

Извор: ТВ21