Македонија

Законот за попис почина на прво читање во Собранието

Во прво читање со десет гласа за и ниту еден против и воздржан Собраниската Комисија за европски прашања го поддржа и го проследи во натамошна собраниска процедура Предлог-закон за попис на населението.

Претседателот на Комисијата, Арбер Адеми, истакна дека станува збор за важен закон со кој ќе се овозможи попис на населението, домаќинствата и становите во периодот од 1 до 21 април 2021 година имајќи предвид дека последниот попис во земјата беше спроведен во 2002 година, а пописот во 2011 година не беше реализиран.

Предлог-текстот е со европско знаменце, што е спорно за опозицијата, но Комисијата за европски прашања ја почна расправата. Предлагачите уверуваат дека во април ќе се спроведе статистичка операција, 18 години по последното пребројување. Заменик министерот за правда вели дека со пописот ќе се добие реална слика за населението и домаќинствата, што е најмногу потребно за рамномерен развој и економски параметри во државата.

Според планот, ќе се попишуваат македонските државјани во земјава и во странство, оние кои се во Македонија со дозвола за престој и граѓаните без државјанство. Целата операција ќе се врши електронски, од први до 21ви април идната година со буџет од 8 милиони евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни