На единствениот повикувачки број 112 во ЦУК од утринава до пладне се добиени повеќе повици за итни случаи од коишто неколку се покарактеристични.
Граѓанин се јавил на 112 дека залутал и се изгубил, движејќи се кон Стрновац- бања во Старо Нагоричане.
По конференциска телефонска комуникација со дел од службите од Системот за управување со кризи и со ОЦ СВР Куманово, било донесено решено дека дежурните од полицијата од ПС Старо НАГОРИЧАНЕ ќе контактираат директно со лицето и ќе му помогнат – прво ќе му дадат насоки за движење, а потоа ако е потребно и ќе појдат по него на терен според локацијата добиена од неговиот мобилен телефон.